Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Од:

Центарот за управување со кризи информира дека до 7.30 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор од кои три се активни, а четири се под контрола.

Активни се пожарите меѓу селата Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци во општина Струга, кај селото Белица во општина Македонски Брод и кај селото Брест во општина Чучер-Сандево.

Под контрола се пожарите кај селото Бенче во општина Македонски Брод, кај селото Тајмиште во општина Кичево, кај селото Грачани во општина Ѓорче Петров и во Делчево каде гори дива депонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он