До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Од:

До 18:00 часот на територијата на целата држава регистрирани се вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, пет се под контрола, а 12 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во:
Општина Ѓорче Петров: с. Грачани и с. Никиштани, а активен е и пожарот на територијата на Република Косово – шума.
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно – мешана шума.
Општина Чучер-Сандево: кај аеродромот во Стенковец – ниска вегетација.
Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – нискостеблеста шума.
Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец кон с. Брезница, кај репетиторот – нискостеблеста и мешана шума.
Општина Брвеница: с. Милитино – ниска вегетација и грмушки.
Општина Градско: с. Ногаевци, проширен кон с. Кочилари – ниска вегетација и борова шума.
Општина Битола: с. Кременица – с. Гермијан – стрниште.
Општина Старо Нагоричане: с. Ругинце – ниска вегетација и нискостеблеста шума.
Општини Куманово и Липково: с. Речица и с. Ваксинце – ниска вегетација.
Општина Куманово: во близина на железничката пруга – ниска вегетација.

Пожари под контрола:
Општина Кичево: с. Кнежино и с. Добреноец – нискостеблеста шума.
Општина Кичево: с. Тајмиште, место викано Дарда – ниска вегетација.
Општина Сарај: с. Копаница – нискостеблеста шума и ниска вегетација.
Општина Делчево: градска депонија Делчево – депонија.
Општина Ново Село: с. Стиник – мешана шума и ниска вегетација.

Изгаснати пожари:
Општина Петровец: ул. 26 бр. 22, Петровец – ниска вегетација, овоштарник, гаража и шупа.
Општина Петровец: с. Огњанци – ниска вегетација и нива со пченка.
Општина Гази Баба: кејот на Вардар – МРТВ – ниска вегетација и бандери.
Општина Теарце: с. Слатино – дива депонија.
Општина Теарце: с. Непроштено – дива депонија и ниска вегетација.
Општина Кратово: Кратово – депонија.
Општина Липково: с. Слупчане – ниска вегетација и стрниште.
Општина Берово: м.в. Периовец – с. Ратево – борова шума.
Општина Штип: во близина на „City Mall“ – Штип – ниска вегетација.
Општина Струга: с. Октиси – ниска вегетација и грмушки.
Општина Кичево: с. Дреново, м.в. Крушино – нискостеблеста шума.
Општина Долнени: с. Црнилиште – ниска вегетација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат