Припадниците на АРМ остануваат на терен во борба со пожарите

Од:

Претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили Гордана Силјановска-Давкова попладнево била информирана од Генералштабот на Армијата за активностите на војската во справувањето со пожарите откако е прогласена кризна состојба.

Од Кабинетот на претседателката информираат дека припадници на Армијата во координација со сите инволвирани државни субјекти се ангажирани на неколку локации – пред сѐ на планината Серта, а една екипа попладнево е упатена кон Радовиш и една во реонот на селата Драгоево и Штркалево кон Криволак.

– Армијата во досегашниот период дејствува со 100 припадници од Вториот пешадиски баталјон и со два армиски хеликоптери МИ-8/17 кои се ангажираат на локации по насоки на Центарот за управување со кризи. Притоа, во првиот ден од активностите на Армијата, исфрлени се 44 тони вода, вчера 17 лета со 34 тони вода и денес до овој момент, 28 лета и исфрлени 52 тони вода. Македонските сили во овој реон дејствуваат со помош од воздухопловите на Турција, Србија и Црна Гора, се посочува во соопштението.

Се додава дека при ангажирањето на припадниците на Армијата се почитуваат сите процедури и мерки за безбедност и лична заштита пропишани согласно противпожарната обука, што сите припадници ја имаат поминуваат како дел од редовната обука.

Би можело да ве интересира

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски

Активен е пожарот на планината Беласица меѓу селата Смоларе и Мокрино

Пожар во скопската населба Бутел 1, се запали кровна конструкција на барака