ВИДЕО: Улиците во Белград се претворија во реки, жена спасена од давење

Од:

Невремето што во понеделникот попладне го зафати регионот на Западен Балкан во вечерните часови стигна до Србија. Силниот ветер корнеше дрвја, а обилните дождови предизвикаа поплави на патиштата. Силен дожд утринава го зафати и Белград, а некои улици се претворија во реки.

Драматичната сцена е објавена на страницата на Инстаграм „192_rs“. На видеото се гледа како жена се обидува да отвори шахта на улицата Мраковиќка на Петлово брдо за да ја исцеди насобраната вода, но притоа губи рамнотежа и неколку пати паѓа. Во позадина се слуша глас кој вика: „Оди брат, жената се дави!“ На видеото потоа се гледа како работник во градска хигиена трча кон жената и ја спасува.

Уште една драматична снимка доаѓа од белградската населба Раковица. Видеото објавено на Инстаграм покажува како дворот на зградата во 17. Октомври улицата е целосно потопен, а количината на вода е толку голема што се формирале водопади.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски