Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Од:

Министерството за одбрана на Србија излезе со соопштение во врска со неовластено преминување на Административната линија меѓу Србија и Косово од страна на група тешко вооружени припадници на косовска полиција кај селото Чирковиќ.

Министерството остро ја осуди оваа провокација.

– Станува збор за уште еден свесен и планиран обид за предизвикување инцидент и прекршување на договорот од страна на приштинските институции на чело со Албин Курти – се вели во соопштението на министерството.

Министерството за одбрана бара од КФОР, како единствена легална и легитимна воена сила во областа на Косово, да преземе мерки во согласност со својот мандат и да ги спречи привремените власти во Приштина да се обидат да предизвикаат ескалација на насилство.

– Наредбата на Албин Курти припадниците косовска полиција да ја преминат административната линија претставува опасна провокација и закана за мирот. Единиците на вооружените сили на Србија во копнената безбедносна зона ја следат состојбата на терен и се подготвени да реагираат согласно одредбите од Воено-техничкиот договор – се вели во реакцијата

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија