Мис Пиги конечно ќе му се придружи на својата љубов, жабата Кермит, во колекцијата Мапети на Џим Хенсон, која се наоѓа во музејот Смитсонијан во Вашингтон.
Ќерката на Хенсон, Черил Хенсон, му подари денеска на Националниот музеј на Американската историја 20 кукли и реквизити од популарната серија.
Освен Мис Пиги, донацијата содржи и кукли на мечето Фози, Скутер и шведскиот готвач, како и неколку кукли од серијата „Улицата Сезам“.
Поголем дел од куклите се оригинални верзии на популарните ликови.
Од музејот наведуваат дека Мис Пиги ќе биде изложена во март идната година во рамки на поставката „Американски приказни“.