Првиот вицепремиер Меџити ќе држи координации со министрите од ВРЕДИ

Од:

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити одржал координација со министрите за здравство, европски прашања, економија, добро владеење, труд, демографија и млади, кои се избрани на предлог на коалицијата „Влен“.

– Во насока на обезбедување висок степен на ефикасност во спроведувањето на нашите програмски заложби, првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити почнува пракса на редовна координација со министрите за здравство, европски прашања, економија, добро владеење, труд, демографија и млади, кои се избрани на предлог на Коалицијата ВЛЕН, се наведува во денешното соопштение испратено од БЕСА.

Ваквиот тип на координација, како што се посочува во соопштението, ќе се прошири и со замениците министри и другите избрани и именувани кадри на ВЛЕН во извршната власт.

– Остануваме целосно посветени на спроведување на предизборните ветувања и спроведување на политики кои ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, ќе го подигнат животниот стандард и ќе обезбедат сигурна иднина. Фокусирани сме на динамизирањето на ЕУ перспективите, борбата против корупцијата, економскиот развој и децентрализацијата на власта кон општините како прв непосреден сервис за граѓаните. Имаме план и визија за испорачување на резултати во прецизно утврдени рокови. Заедно со претседателот на Собранието и пратениците од владејачката коалиција ќе предлагаме и усвојуваме соодветни законски решенија, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во Трубарево поставена мерна станица за квалитетот на воздухот

ВИДЕО: Бујар Османи го повика Изет Меџити да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Меџити не чувствува одгoворност што се појави после полноќ кај пожарот во Трубарево, се чекаат резултати за тоа колку и со што е загаден воздухот

Воздухот во Скопје мирисаше на отров, а Меџити шеташе на партиски настан во Чаир, обвинува ДУИ

ДУИ: Го предизвикуваме Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори без привилегии на власта

Меџити: Инспекторатот e на терен во „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

А1он