Им ја запалил влезната врата, кога излегол сопственикот го испрскал со спреј – уапсен 23 годишник во Валандово

Од:

23 годишник од валандовско Удово е уапсен. Во текот на вчерашниот ден во 08.30 часот со запалива течност предизвикал пожар пред влезната врата од куќата на П.Л., а откако бил забележан од сопствениците со спреј испрскал еден од нив. Избегал од местото.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

„ На 29.05.2024 во 11.30 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода К.Ш.(23) од с.Удово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, по член 288 од Кривичниот законик.“ велат од МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Нова опасност: Пожар од Косово „влезе“ кај Грачани, чадот стигна и до Скопје

Активни се шест пожари во Македонија

Целосно e изгаснат пожарот на Пелистер

Ангелов: Голем пожар во атарот на селата Локов и Буринец, драматично e и во Боговиње

Горан Наумовски

Активни се два пожара на отворен простор, четири се ставени под контрола

Денеска активни се девет пожари, а три се под контрола