Германскиот фудбалер Тони Крос го одигра последниот натпревар на Сантијаго Бернабеу во дресот на Реал Мадрид, а во емотивната вечер од последното коло во шпанското првенство беше пречекан со овации.
Иконата на Реал помина низ барикадата што ја направија неговите соиграчи пред почетокот на натпреварот, а ја гледаше и кореографијата што ја подготвија навивачите за неговото збогување.
Тој ја одигра 86. минута, му ја предаде капитенската лента на Лука Модриќ и се упати кон клупата со навивање од трибините и овации од соиграчите. По натпреварот тој призна дека добро се справувал со емоциите во тие моменти, а потоа откри што го расплакало.
I'll never recover 🥹💔pic.twitter.com/0gEIh0XcEi
— Ele (@EleModric) May 25, 2024
Бев прилично силен, додека не ги видов моите деца. Тоа ме дотепа“, призна Крос по испраќањето од теренот.
Шпанска Марка пишува дека ова било најголемото испраќање за играч на Реал.
„Збогувањето беше прекрасно како неговата кариера, возбудливо како неговиот фудбал и огромно како неговата легенда. Добро се носеше, а потоа дојде моментот кој промени се. Крос го напушташе теренот, а покрај него беше сопругата и децата кои го чекаа со солзи. Тогаш го видовме Тони каков што претходно го немавме видено, наведува Марка.
За потсетување, Крос од 2014 година до вчера одигра 464 натпревари за Реал, постигна 28 и асистираше на 98 гола и освои 21 трофеј со клубот.