Меџити: Влен е апсолутен победник во албанскиот кампус, вечерва почнува промената

Од:

Коалицијата Влен е апсолутен победник во албанскиот кампус, кажа претседателот на партијата Демократско движење и носител во првата изборна единица, Изет Меџити на прес конференција.

„Ви благодариме за трпението и отпорот од сите закани. Како што Влен постојано предупредуваше, денеска изборниот процес беше се, само не демократски. Институциите повторно се ставија во служба на ДУИ. Забележани беа министри, заменици министри, се е документирано и во текот на деновите ќе алармираме. Сакам уште еднаш да објаснам, ќе се одговара за насилството врз гласачкото право“, кажа Меџити.

Според него, ДУИ го покажала своето вистинско лице со бојкот на претседателските избори.

„Замислете, партијата која на изборите излезе со името „Европски фронт“ и кажуваше дека за брзо ќе не интегрира во ЕУ, направи чин спротивен од тоа. Јавно го прашуваме министерот Бујар Османи, како ќе го оправда бојкотот утре пред меѓународните партнери“, рече Меџити кој најави промена на власта веќе од утре.

„Али Ахмети од денеска е најголемиот губитник заедно со Артан Груби. Од денеска ќе заврши во политичка изолација од сите страни. Албанците од денес имаат нов сериозен политички фактор кој гордо ќе ги застапува. Вечерва започнува промената“, посочи Меџити.

Би можело да ве интересира

Николоски: Нема да има предвремени парламентарни избори

Горан Наумовски

Меџити: Имав многу посебна средба со младите кои за првпат ќе гласаат на овие избори

Жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Вреди: Албанците му го свртија грбот на „лажниот референдум“ што го пропагираат Ахмети, Таравари и Села

Приштина и Јужна Митровица ќе добијат градоначалници во вториот круг од изборите

Горан Наумовски

Средствата за чистење на малата депонија во ОХИС се пренаменети за кампањата на Меџити, обвинија од Движењето Слободни и независни