Тешко повредени двајца пешаци во Скопје – во едниот удрил мотор, во другиот автомобил

Од:

Двајца пешаци се тешко повредени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје.

„ На 22.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(40) од с.Лозово, велешко, удрило во пешакот И.С.(47) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. „ стои во полицискиот билтен.

Во вториот случај во пешакот удрил мотор Дукати со скопски регистарски таблици.

„ На 22.04.2024 во 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.„, велат од МВР

На подрачјето на Битола пак дошло до сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотор Јамаха без регистарски таблички.

„ На 22.04.2024 во 19.40 часот во ОВР Берово било пријавено дека на ул.„Равен“ во Пехчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фокус“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(23) од Пехчево и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблици, управуван од Г.А.(31) од с.Чифлик, пехчевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.“ се вели во полицискиот билтен.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови Сад застана на 14 минути

А1он

Го препознав татко ми по часовникот, никогаш не го вадеше од рака – сведоштво за Вукашин кој загина во несреќата во Нови Сад

А1он

ВИДЕО: Протести во Белград, се бара одговорност за несреќата во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Потресно сведошто на спасител: Сите плачевме кога завршивме со извлекувањето на жртвите во Нови Сад

ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е оставка од Антоанета Димовска и колективна одговорност од Судски совет за незаконското назначување во УО на Академијата

Катерина Ѓуровски

Тројца од повредените се уште се во тешка состојба, втор ден на жалост во Војводина