Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

Од:

Струмичките пожарникари утринава спасија мајка и дете кои паднаа во бездна покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“ на планината Еленица, на 4 километри од Струмица.

Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започна околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители беше испратен на местото на настанот.

По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема успешно ги извлекоа двете лица од непристапниот терен и ги предадоа на екипа на Итната медицинска помош за понатамошен преглед и згрижување.

Од ТППЕ Струмица информираат дека благодарение на брзата, професионална и координирана реакција на спасувачките екипи, интервенцијата заврши успешно.

Би можело да ве интересира

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

(ВИДЕО) Мајка на четири деца загина откако со автомобилот влета во базен

А1он

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски