Мајка на четири деца и наставничка во локално еврејско училиште почина откако изгуби контрола над своето теренско возило, удри во дрво и во паркиран автомобил, а потоа заврши во базенот во семејниот двор на Лонг Ајленд, Њујорк.
Несреќата се случи завчера во Хјулет, округот Насау, кога 40-годишната Алисон Рахмани изгуби контрола над своето возило од причини што допрва треба да се утврдат.
Според полицијата, автомобилот најпрвин удри во дрво, а потоа и во паркирано возило, пред да заврши во базенот во двор на куќа на улицата Елинор Роуд, во близина на Вудсајд Драјв.
Сè уште не е познато каде се упатила Рахмани кога возилото почнало неконтролирано да се движи.
Надлежните веруваат дека 40-годишната жена била извлечена од автомобилот пред полициските службеници да пристигнат на местото на настанот.
Според извор близок до семејството, Рахмани успеала да повика помош по несреќата.
Полициските службеници од округот Насау се обиделе да ја реанимираат, по што таа итно била пренесена во болница.
Според извор близок до семејството, таа починала во возилото на брзата помош на пат кон болницата, додека полицијата соопшти дека смртта била официјално потврдена во здравствена установа.
