Малезиската морнарица соопшти дека два воени хеликоптери се судриле и се урнале за време на денешните вежби, при што загинале 10 лица во него. Хеликоптерите биле на обука во поморска база во државата Перак за прославата на 90-годишнината од морнарицата, што се одржува во мај, пишува Франс прес.
BREAKING: 2 military helicopters crash after mid-air collision in Malaysia, killing all 10 people on board pic.twitter.com/4afNggr0x9
— BNO News (@BNONews) April 23, 2024
„Потврдена е смрт на сите жртви на местото на настанот“, соопшти морнарицата, додавајќи дека останките се испратени во болница за идентификација.
Според снимките објавени на социјалните мрежи, едниот хеликоптер го фатил роторот на другиот, а потоа и двата се урнале. Инцидентот се случил во 09:30 часот по локално време во градот Лумут, каде се наоѓа поморската база, јави Би-Би-Си. Надлежните наведуваат дека ќе формираат комисија која ќе ги истражи причините за несреќата.