Покажувајќи видео снимки од изјавите на министерката за култура, од надзорот и од изведувачот на Универзална сала, градоналничката Данела Арсовска обвини дека објектот почнал да се гради, за што Град Скопје како негов сопственик не ниту информиран и известен за отпочување на градежни активности.
Арсовска постави десетина прашања до министерката Бисера Костадиноска Стојческа обвинувајќи ја дека излажала се што изјавила во врска со Универзалната сала.
– Таа изјави дека дознала за пожарот пред 9 часот и дека објектот бил осигуран. Противпожарната бригада на Град Скопје информира дека пожарот е проијавен од случаен минувач во 9.50 часот, а тие биле на терен во 9.55 часот и со 24 пожарникари и девет возила, пожарот бил локализиран.
Лице кое се претстави како сопственик на компанијата „Универзал Балкан“ фирмата која ја реконструрира Универзална сала е присутно на објектот и кажува, цитирам дека „немало никаква дешаванка“ со тоа што немало интервенции на објектот и претпоставува дека причина за пожарот е стар кабел или стара инсталација. Да резимираме, во земјава старите кабли се причина за сите пожари.На 10 април, се коментира дека надзорот изјавил дека градбата е влезена во втора фаза без потпишан договор за тоа – рече Арсовска.
Таа праша зошто министерката за култура не го пријавила пожарот ако осознала за него пред девет часот и зошто работниците на фирмата се обиделе да го гаснат пожарот и откако не го локализирале, дозволиле истиот да се прошири и не пријавиле ниту побарале помош од Противпожарната бригада во Скопје.
– Врз основа на што се темели изјавата на изведувачот дека причина за пожарот е стар кабел или инсталација? Каде работниците внатре во објектот започнале да го гасат овој пожар?
Врз основа на кој проект е продолжено да се реконструира Универзална сала во Скопје? Врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита се реконструира објектот? Кој е управителот на градба на Универзална сала во моментот на опожарување и кој е надзор на градба во моментот на опожарување? Каде, кога и од кого е осигуран објектот на Универзална сала, на која вредност и на кој случај на настанување на штета?
Не добивме одговор на овие прашања како Град Скопје и како сопственици на Универзалната сала – додаде градоначалничката.