Пахор потврди дека е заинтересиран за функцијата претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина

Од:

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска за словенечката агенција СТА потврди дека е заинтересиран за функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, во која би го наследил Мирослав Лајчак, чиј мандат истекува во август.

Претходно, словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека безусловно го поддржува Пахор во неговата кандидатура за специјален претставник на ЕУ за дијалог и додаде дека поради оваа причина има одржано бројни билатерални разговори со лидерите на европските земји, како и со највисоките претставници на Европската Унија, во изминатиот месец.

Би можело да ве интересира

Пахор: Турција е важна земја за Словенија

Пахор во Анкара: Ризикот се уште постои на Западен Балкан и во Босна и Херцеговина

Пахор со средба со Голоб ги почна консултациите за составот на новата словенечка влада

(ВИДЕО) Пахор: Северна Македонија направи и повеќе од сè, а не доби ништо

А1он

Заев на средба со словенечкиот претседател Пахор: Словенија и цела Европа поддржуваат почеток на преговорите за Македонија

А1он

Пахор: Она што се случи со Северна Македонија го обесхрабри Западниот Балкан

Жарко Настоски