Пахор во Анкара: Ризикот се уште постои на Западен Балкан и во Босна и Херцеговина

Од:

Колку подолго трае процесот на проширување на Европската унија, толку повеќе земјите од Западен Балкан ќе бидат изложени на руски апетити, затоа ЕУ мора да ги забрза процедурите за прием на земјите од овој регион каде што ризикот се уште постои, нагласи словенечкиот претседател Борут Пахор.

Говорејќи на 13-та конференција на амбасадорите во Анкара, Пахор рече дека руската војна против Украина „фундаментално ја поткопа и онака кревката доверба меѓу Западот и Русија“. Тој истакна дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина е изненадувачка и разочарувачка.

Зборувајќи за добрите односи меѓу Словенија и Русија повеќе од 15 години до почетокот на војната во Украина на 24 февруари, Пахор рече дека неговата земја „никогаш не се чувствувала загрозена од Русија“, додека „пријателите од Источна Европа секогаш ја опишувале Русија како директна или индиректна закана за нивната безбедност“. Сепак, како што рече Пахор, војната ги промени нивните врски со Русија.

Словенечкиот лидер рече дека со сегашната ситуација предизвикана од војната, „развојот на нова блоковска поделба изгледа речиси неизбежен“.

„Во новата геополитичка поделба, Западен Балкан ќе биде дел од западниот свет. Но, тоа зависи од Брисел колку и од земјите од Западен Балкан. Колку подолго трае процесот на проширување на ЕУ, толку повеќе овие земји ќе бидат изложени на руски апетити или барем за зголемување на руското влијание“, рече Пахор.

Тој додаде дека ризикот во Западен Балкан и Босна и Херцеговина се уште постои и дека ЕУ мора да ги забрза процедурите за прием на земјите од тој регион.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ

Пахор потврди дека е заинтересиран за функцијата претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина