Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Од:

Дел од вработените во Клиничка болница Тетово и Здравствен дом кои се членови на Независен Медицински Синдикат (НМС) по повод вчерашниот ден на здравјето денеска од 10 до 10:30 часот одржаа протест со барање за подобри услови за работа во јавните медицински установи.

Координаторот на Независен Медицински Синдикат за Тетово Ариф Ибраими во изјава за медиумите посочи дека во градот еден од најголемите проблеми е недостигот на кадар.

-Бројот на вработени не кореспондира со препораките од СЗО како установа сме региситриани за 470 кревети, за кои треба да има тројца вработени по кревет, речиси 1500 вработени за да оптимално се изврши и даде здравствена услуга. Нам ни фалат најмалку 400 вработени за да се изврши оптимална здравствени услуга, изјави Ариф Ибраими.

Независен Медицински Синдикат во повеќе градови одржа протест од кои се истакнаа барањата за трајно решение на над 1.100 здравствени работници и помошно-технички персонал кои се со договор за дело или со решение за времено вработување и други барања.

Би можело да ве интересира

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

Сведоци на израелскиот напад на болница во Газа: „Луѓето изгореа до смрт“

Горан Наумовски