Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Од:

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков ќе излезе предвреме од затвор. Одлуката денеска ја соопшти Кривичниот суд, откако Апелација ја уважи неговата жалба и предметот го врати пред првостепениот суд.

„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот С.М., по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа.

Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година“, информираа од Кривичниот суд.

Мијалков по спогодбата со обвинителството за случајот Империја доби три години затвор. Казната ја отслужува во затворот во Струга, откако ја смени адресата на неговото живеалиште. Тој е вработен како возач за потребите на затворот.

Би можело да ве интересира

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага