Фудбалерите на португалски Спортинг и италијанска Аталанта одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа.
Домашните поведоа на стадионот Хозе Алваладе со голот на Паулињо во 17. минута, а конечниот резултат го постави Џанлука Скамак во 39. по додавањето на Алексеј Миранчук.
Во 87. минута резервистот на Аталанта, Ел Билал Туре постигна гол, но истиот беше оправдано поништен по интервенција од ВАР просторијата поради офсајд.