Кремонезе не дозволи Аталанта да се одвои на врвот на Серија А

Од:

Аталанта не успеа да го совлада Кремонезе, откако на „Гевајс“ одигра само 1:1 со новиот прволигаш, пропуштајќи шанса да се одвои на врвот на табелата во Серија А по одличниот старт на сезоната.

Тимот на Џан Пјеро Гасперини прво во 64. минута постигна гол преку Теун Копмајнерс, кој беше поништен поради играње со рака, за потоа во 74. минута да мислат дека ги освоиле трите поени, кога Мерих Демирал по асистенција на Копмајнерс. Меѓутоа, Кремонезе, кои сезоната ја почнаа со четири порази и едно реми, успеаја да израмнет преку Емануеле Валери во 79. минута од мечот.

Аталанта сега е на второто место на табелата во Италија со 14 поени, колку што имаат и првопласираните Наполи и третопласираните Милан. Кремонезе се на претпоследното место на табелата.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Спортинг и Аталанта ремизираа во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа

Тренерот на Аталанта, Гасперини реагираше на обвинувањата од страна на Гомез

А1он

Тухел: Против Аталанта ќе биде многу тешко да се одбрани голот

Жарко Настоски

Нејмар вреди колку целиот тим на Аталанта, противникот на ПСЖ во Лигата на шампионитe

Жарко Настоски