Симонјан: Германците размислувале да го бомбардираат мостот на Крим

Од:

Главниот уредник на Спутник и РТ Маргарита Симонјан објави дека има аудио снимка на која високи офицери на германскиот Бундесвер разговараат за ударите на мостот на Крим.

„Нешто многу интересно ми дадоа моите пријатели од армијата на денот кога германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека НАТО не учествува и нема да учествува во украинскиот конфликт. Толку интересно читање и видео што навистина сакам да ги објавам тоа. Да ги израдувам моите следбеници. На тоа видео високите офицери на германската армија размислуваат како да го бомбардираат мостот на Крим. И како да го направат тоа што е можно полукаво за нивниот Шолц да продолжи да зборува за тоа како нема врска со тоа“, напиша Симонјан.

Според неа, во видеото кое трае 40 минути, офицерите на Бундесверот патем ги споменуваат војниците на САД и Велика Британија, велејќи дека тие одамна директно учествуваат во конфликтот.

Таа додаде дека како новинар им се обратила на министерот за надворешни работи и на германскиот амбасадор, како и лично на Шолц.

„Како да се разбере ова? Зарем не е време Русија да ја потсети Германија како минирањето на руските мостови минатиот пат заврши за Германија?“, изјави таа.

Да потсетиме, францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека западните лидери не ја отфрлиле можноста за испраќање сили во Украина, иако во моментов нема консензус за тоа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Кремљ тврди: Соборени 38 беспилотни летала над Крим

А1он