Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека Израел се согласил да ги прекине воените активности во Појасот Газа за време на Рамазан, додавајќи дека еврејската држава ризикува да ја изгуби поддршката од остатокот од светот бидејќи Палестинците умираат во голем број.
Бајден, кој ги даде забелешките за време на гостувањето во емисијата „Доцна ноќ со Сет Мејерс“ на NBC, рече дека Израел е посветен да им дозволи на Палестинците да се евакуираат од Рафа во јужна Газа пред да ја интензивира својата кампања таму за уништување на Хамас. Тој рече и дека постои начелен договор за прекин на огнот меѓу двете страни додека не се ослободат заложниците.
President Biden said he hopes a cease-fire between Israel and Hamas can take effect by early next week.
Biden commented on the negotiations in New York after taping an appearance on NBC’s “Late Night With Seth Meyers.” pic.twitter.com/lPydb0HDqs
— The Associated Press (@AP) February 27, 2024
„Рамазан се приближува, а Израелците се согласија да не учествуваат во активности за време на Рамазан, за да ни дадат време да ги извадиме сите заложници“, рече тој. Муслиманскиот свет месец Рамазан во 2024 година се очекува да започне вечерта на 10 март 2024 година, а да заврши вечерта на 9 април 2024 година.
Бајден рече дека привремениот прекин на огнот ќе ги олесни односите меѓу Палестинците и Израел и ќе го забрза процесот на создавање палестинска држава. „Тоа ни дава време да почнеме да се движиме во насоките во кои се подготвени да одат многу арапски земји. На пример, Саудиска Арабија е подготвена да го признае Израел. Јордан е. Египет. Има уште шест земји. Разговарав и со Катар“. – изјави Бајден.
„Доколку го добиеме тој привремен прекин на огнот, ќе можеме да се движиме во насока каде што можеме да ја промениме динамиката и да не добиеме решение за две држави веднаш, туку процес да дојдеме до решение со две држави, процес кој ја гарантира безбедноста на Израел и независноста на Палестинците“, рече тој.
Бајден рече дека се надева дека ќе постигне прекин на огнот во конфликтот до следниот понеделник. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли идејата за решение со две држави. „Израел ризикува да ја загуби поддршката од остатокот од светот“, рече американскиот претседател. „Убиени се премногу невини луѓе. А Израел ги забави нападите во Рафах“, рече Бајден.
„Тие мора – и ми се обврзаа дека ќе се погрижат да има можност да се евакуираат значајни делови од Рафа пред да одат и да го уништат остатокот од Хамас“, рече тој. „Но, тоа е процес. И, погледнете, Израел имаше огромна поддршка од огромното мнозинство нации. Ако продолжи вака… ќе ја изгуби поддршката од целиот свет. И тоа не е во интерес на Израел“.