ВИДЕО: Пожарот на врвот на Жеден беснее, ако не се изгасне сам до утре наутро, ќе интервенираат воздухоплови

Од:

Пожарот околу врвот на планината Жеден кој избувна доцна попладнево продолжува да гори на непристапен терен. Бидејќи се работи за непристапен терен, од Центарот за управување со кризи велат дека возилото со пожарникари кое се упатило кон пожарот не можело да интервенира поради непристапноста, но е утврдено дека гори претежно трева и грмушки.

„Пожарот е околу врвот на планината Жеден, гори претежно трева и евентуално грмушки. Поради непристапниот терен скопската БППЗ не можеше да интервенира. Поради ниските температури има големи шанси да изгасне во текот на ноќта“, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Доколку до утре наутро не се изгасне пожарот, Центарот за управување со кризи ќе ангажира воздухоплови.

Би можело да ве интересира

Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите

A1on

Се чека пристапен терен за интервенција на пожарот во Дојран

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати