Една златна рипка успеала да преживее 21 месец без храна, свежа вода и светлина, откако избил пожар на еден имот и го затрупал езерцето со риби.
Кога во една куќа во Есекс избил пожар во 2011 година, се верувало дека сите риби се извадени од езерото, но Смоуки, како што сега ја нарекуваат „жилавата“ златна рипка, останала практично затрупана. Наспроти тоа, таа успеала да преживее од декември 2011 година.
Бери Елриџ, шеф на градилиштето, раскажа дека случајно ја открил рипката кога ја завршувале поправката на куќата. Смоуки е пронајдена без гребнатинка и болест.