Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Од:

Антикорупционерите запреа постапка во која непознато лице обвинува дека на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ било вработено второрангирано лице да биде професор на факултетот за биотехнички науки.

Во пријавата било нотирано дека вработен во сметководството влијаело да биде вработен професор кој бил второрангиран, со наводи дека се работи за блиски лица, односно за можен непотизам. Постапката, според ДКСК е сопрена, затоа што имале слични предмети и по нив било постапувано на 3 октомври минатата година.

„По овој случај постапил Државниот просветен инспекторат, кој достави известување дека на 6,7,9 и 10 ноември 2023 имало вонреден инспекциски надзор кој бил испратен до ДКСК, значи за овој универзитет сме имале повеќе предмети. Неколку предмети биле опфатени во еден инспекциски надзор. Нема елементи за надлежно постапување, бидејќи е постапено по предмет со иста и слична фактографија. ДКСК се има изјаснето и тоа е наведено во записник. Имавме предлог да се постапува за судир, но по ова истражување и преглед на други предмети за наводи „непотизам“ е постапено веќе на 3.10.2023 година. Предлагам да се запре постапката“, рече Нури Бајрами, член на антикорупциската комисија.

Бајрами не кажа кој бил исходот од другите постапки кои биле проверувани од Државниот просветен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Левица: Разрешениот началник е во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес, епицентарот бил во Грција

Распишан е јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК

После оставката на Димитровска: На јавен оглас ќе се бира нов претседател на Антикорупциска

Горан Наумовски

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола