Николовски за внукот кој работи во М-НАВ: Се работи за највисоко стручен кадар, треба да се бориме таквите да ги задржиме дома

Од:

Треба да се мотивираат младите, Македонците кои се успешни да останат во Македонија, а не да заминат во странство, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски, на прашање како неговиот внук кој не успеал од првпат да го положи тестот, а претходно и неговиот чичко биле вработени во М-НАВ. Тој им се налути на новинарите зошто го прашувале за вработувањата во македонската навигација, наместо да се интересираат за теми од земјоделие, квалификувајќи ги прашањата како „ширење невистини и лаги“.

„Чичко ми работи пред јас да бидам роден. Зарем мислите дека некој што не е роден може да влијае на некој што стручно се усовршувал, работел и се вработил пред 80-тите. Тоа ви е најбитната тема за сето она што граѓаните ги интересира“, рече Николовски.

За неговиот внукот пак, вели дека е стручен кадар кој после 20 години во странство, се вратил во Македонија.

„Станува збор на највисоко стручен кадар, школуван во Јапонија, во Кина и во Словенија кој после 20 години се вратил во земјата и секој од нас треба да се бори да ги задржи младите дома. Како што чичко ми работел пред 40-50 години, во никој случај не сум влијаел“, вели Николовски.

Тој вели дека Антикорупциската комисија имала отворено случај за тоа вработување, која сега е затворена. Ставот на премиерот Димитар Ковачевски дека М-НАВ станала семејна компанија не сакаше да го коментира.

„Воопшто не е моја работа да навлегувам или да коментирам дали некоја фирма е ваква или онаква. Наше е да работиме стручно, чесно, искрено, професионално. Не ме интересира мене било кој став за било која фирма, кој каква квалификација ќе даде“, кажа министерот.

Би можело да ве интересира

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

Горан Наумовски

Тасевски: Синдикатот на контролорите на летање има право и овластување да организира штрајк

Забраната за штрајк е законска, лидерот на синдикатот се одмазудва, вели адвокатот на М-НАВ

Контролорите на летање нема да штрајкуваат, ќе се жалат на времената мерка од судот

Судот им забрани на контролорите на летање да штрајкуваат

Катерина Ѓуровски

Синдикалците да не шират паника, небото на смее да се „затвори“, предупредува М-НАВ по најавите за штрајк