Австралија, Канада, Франција: Кој дава поддршка на нападот на САД и Британија во Јемен

Од:

Австралија, Канада, Холандија и Бахерин го поддржуваат нападот на САД и Британија во Јемен, соопшти Централната команда на САД преку социјалната мрежа Х.

Од таму велат дека нападите врз цели на Хутите се за да може да ја намалат нивната способност за како што велат, „да не можат да продолжат со нивните незаконски и непромислени напади врз американски и меѓународни бродови и комерцијален брод во Црвеното Море“.

„Оваа мултинационална акција беше насочена кон радарски системи, системи за противвоздушна одбрана и места за складирање и лансирање за еднонасочни напади на беспилотни воздушни системи, крстаречки ракети и балистички ракети. Од 17 октомври 2023 година, милитантите Хути поддржани од Иран се обидоа да нападнат и малтретираат 27 бродови на меѓународните бродски патеки. Овие незаконски инциденти вклучуваат напади во кои се употребени противбродски балистички ракети, беспилотни летала и крстаречки ракети во Црвеното Море и Аденскиот Залив. Овие напади немаат врска и се одвоени од Операцијата Просперитет Гардијан, одбранбена коалиција од над 20 земји кои дејствуваат во Црвеното Море, теснецот Баб ал-Мандеб и Аденскиот залив“, велат од Централанта команда на САД.

Поддршка преку одделни соопштенија дадоа и Франција, Германија, Холандија и Данска, кои велат дека по акцијата на САД и Британија, Хутите веднаш треба да ги сопрат нападите врз бродови во Црвеното море.

Русија пак, побара свикување на Советот за безбедност на Обединетите Нации поради воздушните напади на територијата на Јемен.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел