Русите собориле четири украински ракети насочени кон Крим

Од:

Руските власти објавија дека собориле четири украински ракети насочени кон Крим.

„ПВО пресретна и уништи четири украински ракети над полуостровот Крим“, соопшти Министерство за одбрана на Русија.

Во последните денови двете страни ги засилија воздушните напади, додека конфликтот трае речиси две години.

Руските власти во четвртокот објавија дека одбиле напад од десет украински ракети насочени кон Крим. Во тој напад е повредено едно лице.

Украина повеќекратно го напаѓаше рускиот град Белгород. Поради чести напади, во Белгород беа откажани божиќните прослави.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Кремљ тврди: Соборени 38 беспилотни летала над Крим

А1он

Симонјан: Германците размислувале да го бомбардираат мостот на Крим

Горан Наумовски

Москва: Спречени се украински напади на Крим

Горан Наумовски