Паунов до Спасовски: Наместо брза реакција демантиравте, со нервоза и потење пред камери граѓаните не се чувствуваат безбедни

Од:

Градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов преку Фејсбук вели дека наместо МВР да реагира брзо, се случило полицијата да демантира дека вчера имало обид за грабнување во основното училиште „Страшо Пинџур“.

„Во текот на вчерашниот ден во ООУ ,,Страшо Пинџур” Карбинци се случи немил настан кога непознато лице со возило марка Голф со скопски регистарски таблички се обиде да намами и заведе во своето возило 2 ученици од 9-то и 6-то одделение. Од исказите на учениците и сведоците но и од доказот што едниот ученик земал пари од непознатото лице (кои подоцна ги предал на полицијата) и од надзорните камери се утврдува дека имало таков обид“, вели Паунов.

Според него, нема да го заплаши ниедна закана од министерот Спасовски.

„Дали е нормално кога возрасен маж со возило за време на настава бара да оди на ,,кафе” со малолетно девојче од 13 години и притоа девојчето видно вознемирено го пријавува случајот во училиштето а училиштето до МВР, да се земе како случај кој не бил обид за такво нешто? Наместо брзата реакција на училиштето да биде аларм за МВР, се случи спротивното, МВР демантира дека воопшто имало ваков обид. Ниту една закана од страна на министерот Спасовски, ниту една закана од страна на доушниците кои ги испраќате нема да не исплашите да реагираме на вакви непосакувани ситуации“, пишува Паунов.

Тој вели дека политиката треба да се тргне на страна кога станува збор за безбедноста на граѓаните.

„Моја грижа се жителите на мојата општина Карбинци, децата во училиштата, градинката и секој граѓанин во оваа општина. Политиката да ја тргнете надвор од реалната ситуација а безбедноста да ја подобрите во интерес на сите граѓани. Кога имате пријава од страна на директор на училиште и градоначалник на општина со индиции за ваков случај ова треба да биде сфатено и постапено со нај сериозен пристап. Со вакви изјави на министер, нервоза и потење пред камерите, граѓаните не се чувствуваат безбедни во Карбинци“, вели Паунов во реакцијата на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните

(ВИДЕО) СДСМ бара 20% зголемување на платите на полицајците

А1он

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Спасовски до Мицкоски: Направивте брутална партизација со бројни примери за непотизам

А1он

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски