Коциќ: Поради ДПМНЕ и Рашела Мизрахи пропадна работата на комисија за случајот со Онкологија

Од:

Со оглед на фактот што денеска е последен ден од работата на Анкетната комисија сеуште немаме закажано продолжение станува јасно дека ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи свесно и тенденциозно ја злоупотребија Анкетната комисија за случајот со Онкологија вели пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ.

– Два месеци ДПМНЕ ја злоупотребува работата на комисијата а со тоа ги злоупотребуваше пациентите, граѓаните и македонското собрание. Се викаа сведоци, се трошеа пари на граѓаните, се сееше лаги и на крај, ДПМНЕ побегна од комисијата, со денови не се свикува седница. Се потврдува она што се сомневавме уште од почеток, дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја злоупотребува во политички цели. Најпрво Антонио Милошоски беше фатен од страна на пратениците на СДСМ како се обидува со невистини да претстави дека владата сакала да уништи доказен материјал. Кога се виде дека не станува збор за доказен материјал туку за уништување на стари кревети Милошоски се извинуваше. Оваа недела бевме сведоци како ДПМНЕ ја злоупотребија комисијата за Онкологија сакајќи своите партиски заклучоци, пишувани во Белата палата да ги претстават како заклучоци на Комисијата, рече Коциќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?