Израел треба да ги знае правилата на војување, бројките на убиени цивили во Газа се страшни, смета Лавров

Од:

Руската федерација го осудува терористичкиот напад во Израел, но не може да прифати дека тие што се борат против истите терористи ги кршат основните човекови права во Појасот Газа, смета Сергеј Лавров.

– За Газа застрашувачки се бројките на загинати, над 6.000 деца загинаа, разговаравме за ова многупати, го осудивме терористичкиот напад во октомври против Израел, но не може да прифатиме како тие се борат против овие терористи прекршуваат основни човекови права.

Ги слушнав изјавите на Блинкен, гледав вести утрово на Ал Џезеира и видов дека Американците ги повикуаат властите во Израел да ги минимализираат последиците во Газа, тоа е најмалку што може да сторат. На почетокот на воената операција повикавме на хуманитарно примирје, но ОН го отфрли тоа иако се работеше само за примирје. Следната резолуција од Бразил беше послаба и моравме да апстинираме.

Видовме дека Израел нема да запре се додека не го уништи Хамас. Правилата на војување се тука и треба да ги знае Израел – рече Лавров на прес-конференцијата во Скопје за време на Самитот на ОБСЕ во салата „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна руски бомбардер Ту-22М3 по нападот врз Украина

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

(ВИДЕО) Најмалку четири лица загинаа во напад врз Киев, гори Киевско-Печерската лавра

Горан Наумовски

Ритер: Целта на Киев беше да ги заплаши граѓаните на Донбас

Има загинати и повредени во новите напади во Русија и во Украина

Украински напад со беспилотни летала врз неколку руски региони, оддалечени 1.200 км од границата