Заврши историското судење на мафијата во Италија, осудени се 200 криминалци на „Ндрангета“

Од:

Италијанскиот суд осуди повеќе од 200 луѓе за злосторства, вклучително и криминален заговор, изнуда и поткуп, во она што беше опишано како најголемото италијанско мафијашко судење во последните три децении.

Пресудите го означуваат крајот на тригодишното судење што се одржува во високо безбедна судница во јужниот регион на Калабрија, специјално изградена за да има до 350 обвинети, 400 адвокати и сослушување на 900 сведоци кои сведочат против широката мрежа на мафијаши кои припаѓаат на озлогласената „Ндрангета“.

Иако судот во Ламесија Терме ослободи повеќе од 100 лица, пресудата претставува еден од најзначајните удари до сега за моќниот синдикат за организиран криминал, кој има речиси монопол на европската трговија со кокаин.

Речиси сите обвинети беа уапсени во декември 2019 година по долга истрага што започна во 2016 година и опфати најмалку 11 италијански региони.

Околу 2.500 полицајци учествуваа во рациите насочени кон осомничените во Вибо Валентиа, во Калабрија, срцето на област во голема мера контролирана од кланот Манкузо, едно од главните семејства на мафијата „Ндрангета“.

Би можело да ве интересира

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

ВИДЕО: 16 членови на озлогласеното семејство Гамбино се уапсени во голема акција во САД и Италија

Катерина Ѓуровски

Почина шефот на Козa Ностра: Беше безмилосен убиец, фрли момче во киселина

Горан Наумовски

Економист: Москва наредува руската мафија во странство да финансира шпиони