(ВИДЕО) Се урна зграда во Русија, има мртви и исчезнати

Од:

Петкатна зграда делумно се урна во центарот на градот Астрахан во јужна Русија, јавува руската државна новинска агенција Тас. Службите за итна помош пристигнале на местото на настанот. Според првичните информации, една жена починала, неколку лица се водат како исчезнати.

Над 200 жители се евакуирани и им е формирано привремено сместување. Наводно, се урнале скалите во зградата. Пред уривањето, пукнатина на ѕидот била пријавена во Министерството за вонредни состојби. Гувернерот Игор Бабушкин потврди дека во несреќата загинала жена, родена 1939 година, додека потрагата по повеќе луѓе е во тек.

Тој најави формирање на антикризен центар и телефонска линија. Евакуирани се вкупно 213 лица, од кои 37 се деца. Се ажурираат информациите за повредени, соопшти Министерството. Отворени се три привремени пунктови за сместување во подрачните училишта, каде што жителите добија топол оброк и вода.

Две градски болници подготвија кревети за прием на повредените. Регионалниот обвинител Сергеј Фрост пристигнал на местото на настанот. Причината за уривањето сè уште не е позната, но регионалните власти ја отфрлија можноста за експлозија на гас. Инспекторите работат на утврдување на причините за колапсот и се разгледува кривична постапка. Според достапните информации, објектот е изграден во 1962 година.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина