Меџити: Костумот и вратоврската ме гушат, најдобро се чувствувам во бел мантил

Од:

Во овие осум месеци откако е министер, работите во здравството се променуваат и средуваат, иако костумот и вратоврската го гушат и најубаво се чувствува во бел мантил, откри министерот за здравство Фатмир Меџити.

При посетата на неговата матична Клиника за неврологија каде што „Моцарт“ донираше апарат за раана дијагностика на мултипла склероза, Меџити рече неуморно ги решава работите и заедно со својот тим секојдневно гасат жаришта во здравството.

– Во овие осум месеци многу се менува во здравството и сите сте сведоци, работите се средуваат и напредуваат. Тоа што можам да споредам со моите колеги од Неврологија е дека ќе има нова магнетна резонанца и тоа ќе биде распишана јавната набавка многи брзо. Очекуваме и почнуваме на Клиниката за кожни болести ќе премине во Клиника за неврофизиологија, а Клиниката на неврофизиологија ќе дојде на Клиника на кожни болести. Неуморно ги решаваме работите и секој ден гасиме жаришта во здравството – рече Меџити.

Тој апелираше Обвинителството са излее со точни информации за сите вмешани во скандалот на Онкологија.

– Уште еднаш апелирам крајно време е Обвинителството да излезе со точно име и презиме за случајот со Онкологија. Мене ме гуши оваа кравата, јас најубаво се чувствувам тука и имам емоции меѓу колегите, и ми прилега белиот мантил. Не претпочитам да бидам политичар, туку ќе бидам лекар и заедно со вас ќе ги подобриме работиме – додаде министерот.

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

На Онкологија биолошка терапија им само за 24% од пациентите, два акцелератора се во функција

Катерина Ѓуровски

Недостигаат онколози и патолози, Таравари најаува можен мораториум за одредени специјализации

Меџити и Чибишев нови директори на Неврологија и на Токсикологија

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

„Наместо 40 одиме 100 километри за хемотерапија“ – на Онкологија измачени пациенти и исцрпени вработени

A1on