Изгорено грло, повраќале крв откако испиле флаширани пијалоци во Хрватска – ги има ли и во Македонија?

Од:

Случај со можно труење со киселина во пијалокот вчера ја разбранува хрватската јавност.Шест нови пациенти се затруени и лежат во болница поради газиран сок во Хрватска. Резултатите од анализата на 16 шишињата пристигнале, а тамошниот министер за здравство Вили Берош ги повикува граѓаните засега „да пијат само обична вода“.

Кај двајца од шесте нови пациенти се потврдени промени кои настанале поради пиење газирана вода, кај тројца е исклучена каква било поврзаност, додека состојбата кај едно лице уште се истражува.

„Конзумирале газирани пијалоци, а се работи за повреди на слузницата, ерозивни промени на слузницата, за среќа во поблага форма кај двајцата пациенти. Главно се работи за помлади луѓе“ објасни Иван Горник, раководителот на Унифицираниот итен болнички прием на КБЦ Загреб.

Можните симптоми кои би настанале според хрватското Министерство за здравство се ненадејна болка и печење во усната шуплина, крварење од мукозната мембрана на усната шуплина и променет вкус на пијалокот.

Се утврдува и дали реакцијата кај пациентите е од хемиска причина или психогена реакција.

Хрватската „Кока-кола“ вчера потврди дека еден случај е поврзан со нивниот пијалок од линијата минерална вода „Ремеркеле“ (Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate) во стаклено шише од 330 милилитри.

Кока-Кола во Австрија вели дека не е проблем во нивното производство.

„Свесни сме за случај во Хрватска во врска со Römerquelle Emotion во стаклено шише од 330 ml. Се надеваме на брзо и целосно закрепнување на повреденото лице. Властите имаат целосна поддршка од нашите колеги на терен да истражат и расветли го случајот“, додаваат од компанијата.

” Спроведовме темелна внатрешна истрага која не откри никакви проблеми во нашето производство. Покрај тоа, испративме мостри до независен , акредитирана лабораторија за понатамошно тестирање“, вели портпаролот на австриската Кока-Кола, каде што се наоѓа фабриката за флаширање во Ремеркеле за хрватскиот пазар.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни – RASSF, извести дека до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.

Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки, уверува Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната, ја следиме состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска. Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи“ – се вели во соопштението на АХВ.

Едниот пијалок се полни во Австрија, другиот во Загреб. Се испитува како дошло до труењето. Доколку при миењето на линијата останала киселина или алкали, сигурно се наполниле неколку шишиња со овој агенс. треба да се вратите назад и да видите за која серија се работи. понекогаш се работи за една смена, понекогаш 24 часа, а понекогаш и неколку дена работа пред да се испере линијата, велат експертите.

Според нив тешко дека некој во фабриката можел да стави нешто во едно шише. но, можно е, како што велат, некој во транспортот, со намера да му наштети на производителот, да го заменил шишето со друго, во кое ставил некоја состојка без да се забележи. сепак ова се уште се шпекулации и дека треба да се почека наодите.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ