На жената која тајно беше снимена како танцува на автобуска станица и е понудена улога во театарска претстава откако снимката стана вистински хит на Интернет.
Секретарката Ели Кол (35) стана интернет ѕвезда во април кога снимката наречена „Eastleigh’s Got Talent“ е објавена на Јутјуб. Снимката со танцувањето на песната „Dancing Queen“ на шведската груба ABBA се покажа билет за успех.
На Кол и е понудена улога во претставата „AH Men“ која ја подготвува британскиот театар The Point iz Истлејт.
Доделена и е улогата на Лини Парис, за која е и напишаната претставата, откако случајно сценаристот ја видел снимката на интернет.
Кол студирала сценска уметност на факултет, но се откажала откако останала без работа и не можела да си дозволи за школување. Вели дека сега и се дала можност да ги исполни своите сценски амбиции.
Кол ќе се појави во првиот чин, а ќе учествува во хорското пеење и танчерска точка. Со колегите актери настапи и на завршувањето на Mardi Gras церемонијата во Истлејт.
– Јас сум нормална личнсот која случајно сака да танцува на автобуските станици. И понатаму не можам да верувам што се случи со снимката, рече Кол.
Откако снимката се појави на интернет се откри дека Кол всушност танцувала на „Knock Down“, од Aleshe Dixon, а ја снимила Јан Роуленд (45) од блиското кафуле.