„Простор за разговор“ – проект за родова еднаквост и ненасилство врз жените

Од:

Интерарт културниот центар во соработка со Швајцарската амбасада во Скопје вечер од 19 часот во Мала станица ќе го заврши проектот „Простор за разговор“/„Dancing (Talking) Table“, со кој преку уметнички активизам во изминатата година ја подигнуваше свеста за родовата еднаквост и ненасилство врз жените.

Проектот се базира на вистински животни приказни, чии сценски рефлексии биле отсликани преку современ танцов перформанс. Во рамки на настанот ќе биде прикажан и филмот „Простор за разговор“, како и втор дел од новиот танцов перформанс „Dancing (Talking) Table“.

Ќе настапат младите танчари Сара Димоска, Клара Христовска, Јоана Благадуша, Моника Шолевска, Илина Костова, Теона Ѓуровска, Нина Петрушевска, Надја Лукановска, Ивона Маневска, Елена Стојкоска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Микаела Колцункова (Словачка), Сара Крковиќ (Црна Гора), Марија Андовска, кои се студенти на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Кореографијата и режијата е на Рисима Рисимкин, музиката на Тони Китановски, сценскиот дизајн на Матеа Мијановиќ, костимите на Благој Мицевски, а асистенти-репетитори се Анастасија Данчевска и Дејан Битровски.

Кореографката Рисимкин истакнува дека целта на проектот е преку уметнички активизам да се придонесе во ослободување и поголемо социјализирање на општеството.

-Проектот беше фокусиран на обраќање кон младата популација. Беа опфатени десет градови низ државава и низ комуникација со, во најголем дел средношколци, на кои им се презентираше танцовиот проект и филмот и потоа се разговараше на темата со цел да се поттикнат отворено да зборуваат. Искуството покажа дека тоа е единствениот начин, преку кој можат да се менуваат нештата, т.е. односот на општеството и да се подигне свеста кај младите. Целта беше да го свртиме вниманието на јавноста кон овој горлив проблем, да создаваме похумано и погрижливо општество, во кое секој ќе го најде своето место и ќе може да живее без стеги и страв, вели Рисмкин во врска со проектот.

По танцовиот перформанс е најавено обраќање на амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, а потоа ќе се одржи тркалезна маса и разговор на темата со претставници од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и од граѓански организации.

Проектот имал национална турнеја низ десет градови: Куманово, Штип, Тетово, Гостивар, Неготино, Гевгелија, Битола, Велес, Охрид и Струга. Реализиран е во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Би можело да ве интересира

Психосоцијална помош и поддршка добиле 712 жртви на родово базирано насилство во првите шест месеци од годинава

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Канадски политичари прошетаа во розови штикли

Поп ѕвездите во поддршка на кампањата за ставање крај на насилството врз жени и девојчиња

Ана Ололовска

Не молчи, не дозволувај да бидеш жртва – им порачува на жените Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост

Жарко Настоски

Фетаи: Актуелниот Кривичен Законик не нуди многу за заштита од насилство врз жените

Ана Ололовска

Владата апелира правосудството брзо и одлучно да реагира на насилството врз жените

Жарко Настоски