ВИДЕО: Канадски политичари прошетаа во розови штикли

Од:

Пратениците во канадскиот парламент носеа розови потпетици како дел од настанот „Надеж на високи потпетици“, спонзориран од засолниште за жени во Онтарио, за да се подигне свеста за насилството врз жените.

„Насилството врз жените сè уште преовладува во нашето општество“, твитна во четвртокот канадскиот министер за транспорт Омар Алгабра, заедно со видеото од настанот.

„Надеж во потпетици е настан кој ја подигнува свеста за насилството врз жените, истовремено охрабрувајќи ги мажите и момчињата да бидат дел од решението. Ги носевме нивните препознатливи розови потпетици за да го поддржиме тоа“, посочи тој.

Пратеничката на Либералната партија Карина Гулд исто така зборуваше за настанот:

„Едукацијата на мажите и момчињата е дел од решението и наша одговорност е да ставиме крај на родовото насилство“, напиша Гулд.

Би можело да ве интересира

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски

Психосоцијална помош и поддршка добиле 712 жртви на родово базирано насилство во првите шест месеци од годинава

Предраг Петровиќ