Раде Штекли е еден од повредените, другото лице со прострелна рана во стомакот однесено на операција

Од:

Раде Трајковски – Штекли е лицето кон кое беше пукано во гаражните простории во трговскиот центар Ист Гејт, дознава неофицијално А1он. Според нашите извори, другото лице кое е повредено е негов пријател кој заедно со него бил во фитнес центарот во трговскиот центар.

Изворите на А1он велат дека Штекли е полесно повреден, додека пак другото лице е во критична состојба бидејќи му било пукано во стомакот и мора да биде оперирано. И двајцата, според неофицијалните информации до кои дојдовме, биле веднаш пренесени со возила на брзата помош, Раде Трајковски на скопските клиники додека пак лицето кое ќе биде оперирано во старата градска болница, Наум Охридски.

Ова е вторпат да се пука кон Штекли. Првиот пат, на 25 август годинава, исто така во подземните гаражи во Ист Гејт, но тогаш Трајковски не беше погоден. Неговото име претходно се споменуваше поврзано со убиството на младиот фудбалер, Мартин Јанушев, а беше поврзан и со големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во училиште во Аргентина – убиен е 13 годишник, осум ученици се ранети

А1он

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол