МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Од:

Ива Михаилова од Кочани, за која во сила е активна судска забрана, нема евидентиран излез од територијата на Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи кое извршило проверки во системот за гранична контрола.

МВР инфромира дека Михаилова, за која се објавува дека ја напуштила Македонија, во Бугарија влегла исто така нелегално.

– Преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија, соопшти попладнево МВР.

Според податоците од граничните евиденции, информира Министерството, последен пат Михаилова остварила влез во Бугарија во септември 2025 година, додека во октомври 2025 година е евидентиран нејзин излез од Бугарија, односно влез во Македонија.

Ива Михаилова, која има и бугарско државјанство, во Македонија е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици.

Медиуми во Бугарија вчера објавија дека ихаилова ја напуштила Македонија и дека се наоѓа во Бугарија.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Муцунски за „Ива Михајлова“: Непристојно е земја членка на ЕУ да станува прибежиште за осудени лица

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров