(ВИДЕО) Рустеми: Ќе го разрешам надзорот на „Бехтел и Енка“ ако рече обвинителството, иако изборот е законски

Од:

Јавното претпријатие за државни патишта гледа дали фирмите ги исполнуваат условите кога се јавуваат на конкурс, така ги избравме и фирмите кои со „ИРД Инженеринг“ вршат надзор врз изградбата на автопатите на „Бехтел и Енка“, вели директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми во интервју на А1он.

„За изборот на овој надзор, за Коридорите 8 и 10д јас ви тврдам дека се почитувани сите процедури предвидени во Законот за јавни набавки. Сите кои беа во конзорциумот со „ИРД Инженеринг“ ги исполнуваа условите според Законот. За нас е важно во моментот кога се отвораат понудите дали фирмата има лиценца да спроведе надзор. Ние ќе постапиме според одлуката на Јавното обвинителство за организиран криминал“, вели Рустеми.

Според него, Јавното претпријатие нема надлежност да гледа што фирмите работеле претходно, туку само дали имаат добиено лиценца за надзор, која пак ја издава министерството за транспорт и врски. За граничниот премин Ќафасан, кој е последната точка на делницата Требеништа-Струга-Ќафасан, кажа дека се разгледува поврзување со Албанија преку тунел, нешто што најверојатно и ќе се случи.

Рустеми вели дека ќе соработуваат со обвинителството како и досега, а сите документи, како за надзорот, така и договорот со американско-турскиот конзорциум веќе ги дале кај надлежниот обвинител.

„Јас сум подготвен во секој момент ако имам покана да се јавам и се што имаме досега, целокупната документација е кај нив, се што имаме како барање ние ќе одговориме позитивно“, вели Рустеми.

Делницата Кичево-Охрид пак, која се гради 10 години, вели дека не е завршена поради постојаните свлечишта кои се појавуваат на патот.

„Тој проект ни е наследен, за кој ние даваме голем напор и труд што побрзо да заврши. Еден од тие примери каде што врз основа на еден лош проект влегуваш на реализација и потоа излегуваат само проблеми. Тој проект кој почна во 2013 година, требаше да се препроектира во 2018 година, а кога дојдов јас, имавме 71 инфраструктурен проект за косини кои не беа одобрени од Министерството за транспорт и врски. Даваме се од себе што побрзо да заврши проектот. Иако ние ги ублаживме сите косини, за жал, на 11 од нив пак имаме свлечишта, каде треба повторно да ги разгледаме“, кажа Рустеми.

Во март, според неговите тврдења, ќе се вози по експресниот пат Градско – Прилеп, кој требаше да биде готов во јули годинава, но и со неговата изградба се доцнеше. Истата проекција ја има и за експресниот пат Дреново-Фариш, за каде е ангажиран „Сино Хидро“.

Погледнете го интервјуто на А1он со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Би можело да ве интересира

Мицкоски уште смета дека договорот со „Бехтел и Енка“ е криминален и антидржавен, но прекинот е поштетен

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Левица: Со криењето на договорот со Бехтел и Енка ДПМНЕ ги крие криминалите на СДС и ДУИ

Рустеми: До вчера беа против Коридорите 8 и 10д, сега велат дека се историски проекти

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ неосновано ја обвинуваше СДСМ за изградба на коридорите

СДСМ: Трајановски да не штити никого, скандалите во ЈПДП треба да ги истражи Јавното обвинителството