Вработен осомничен дека нападнал директор на јавно претпријатие во Кавадарци

Од:

Вработен во јавно претпријатие во Кавадарци е осомничен дека го нападнал директорот, информираа денеска од СВР Велес.

– Вчера во 15.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот Т.Ѓ.(61). Тој се сомничи дека во текот на денот, на работното место физички го нападнал Ј.Н.(62), директор на јавното претпријатие, каде што и тој бил вработен. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

Оттаму информираа дека синоќа пак во 19.50 часот, во ОВР Кавадарци било пријавено дека на улицата „Тиквешко востание“ во градот, патничко возило „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од кавадарчанецот В.Н.(43), удрило во С.Б.(73) од Кавадарци.

– Во несреќата, С.Б. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци, информираа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

42-годишен кавадарчанец ја истепал сопругата, насилникот заработи кривична

Кавадарчанка ја тепала својата мајка

Горан Наумовски