Универзална бара хаусмајстор да се унапреди во сценски мајстор: Советот не ги усвои годишните планови за вработувања

Од:

Домаќинот на Универзалната сала, како и хаусмајсторот, хигиеничарот и возачот, требаше да бидат унапредени во сценски работници и тон-мајстори, ако Советот на Град Скопје го поддржеше барањето на оваа градска институција за унапредување во 2024 година.

„Во делот на унапредување и распределување до крајот на 2024 година има наведено унапредување од домаќин во тон мајстор, унапредување од хаусмајстор во сценско-визуелни ефекти, унапредување од возач во сценско-визуелни ефекти и унапредување од хигиеничар во друг одговорен сценски работник. Мене ме интересира по кои критериуми е изработена оваа анализа и какво искуство и професионлано и формално образование за некој да изврши работни обврски од сценско-визуелни и одговорен сценски работи, а унапредувањето е од многу пониска систематизација“, праша советникот Гордан Шотаров, на денешната седница.

Советникот не доби одговор па точката беше ставена на гласање, но не беше усвоена.Советниците на Град Скопје не дадоа согласност ниту за годишен план за вработувања за во ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“-Скопје, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје, и ЈУ Културен информативен центар-Скопје.

Би можело да ве интересира

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС

Мециновиќ: Надежта ќе ја претвориме во реалност, Скопје се разбуди

А1он

Министерството за култура го избра најповолниот изведувач за изградбата на Универзалната сала во Скопје