Стоилковски: Јавен интерес е одговорот дали веќе е склучен договор Македонија да е партнер со бугаринот Васил Божков

Од:

Се уште молчат Владата и Артан Груби, молчи и директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, шефот на кабинет на Груби всушност за скандалот, можноста Македонија да биде 15 години партнер со најголемиот бугарски мафијаш, притворен, човек со докази за контакти со Пригожин, човекот на Путин според бугарскиот обвинител, партнер, Македонија да ја направат партнер со човек од црната листа на САД заради криминал, корупција, подмитување министри и функционери за да му минуваат законите за коцкање во Бугарија вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

По две години неуспешни обиди да го сменат законот за игри на среќа, Груби со владин потпис одобрува на Државна лотарија, каде директор е негов личен шеф на кабинет, човек од доверба, за три нови лиценци фирми за коцкање, фирми во ортаклук со Македонија. Лотарија на Македонија објавува оглас на 11 септември со важење до 23 октомври. И во тој оглас се прави фоторобот на посакуваната коцкарница- да е странска, присутна на Балканот, да работи 8 години, да направила огромен капитал од онлајн коцкање. Се на се убаво скоцкан оглас. Тој и дури 58 негови фирми поврзани со него од 2021 година се на црната листа на САД. Како најпознати коцкарници на интернет се 7777.бг односно 8888.бг и од 2021 година одат во рацете на друг се верува близок на Божков според пишувањето на бугарските медиуми кој избега во Дубаи. Ова е информација од Декември 2021 година, додека сега годинава, летово кога се враќа назад и е во притвор во Бугарија тој ги презема повторно фирмите, ова е информација 9 Август 2023 година веројатно по системот на Ковачевски и Заев, чувари на фотелји, рече Стоилковски на прес конфереенција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ