Јаник Синер за титулата на турнирот во Пекинг ќе игра против Данило Медведев.
Италијанецот по голема борба го совлада вториот играч во светот, Шпанецот Карлос Алкараз со 7:6 (4), 6:1.
Тоа беше нивна седма пресметка досега и четврта победа за Синер, исто така втора во трите меча со Шпанецот во 2023 година.
Too strong from @janniksin 👏
Sinner moves ahead in his head to head vs Alcaraz and moves through to the Beijing final!#ChinaOpen pic.twitter.com/Zd4MXvFX5a
— Tennis TV (@TennisTV) October 3, 2023
Уште еднаш се потврди дека играат возбудливи натпревари, но на овој Италијанецот беше подобар, помалку грешеше и беше помирен во моментите на одлука.
Синер во среда ќе игра за третиот пехар сезонава и деветти во кариерата, а Медведев за шестиот годинава и 21 пехар во кариерата.