А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Анита Петровска Рајковиќ
Македонија

Ќе плаќаме помали сметки – Од денеска се намалуваат цените за интернет во роаминг со земјите од ЕУ

by Анита Петровска Рајковиќ02/10/2023 - 14:4412624
Share0

Започнува намалувањето на цените за роаминг со земјите од ЕУ. Граѓаните и бизнисите во Македонијa, ќе плаќаат во просек една третина помалку од цената којашто сега ја плаќаат.

Добивај вести на вибер

Ова намалување важи и за граѓаните од дијаспората и Европа, кога ќе претстојуваат во Македонија.

Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, е исполнување на декларацијата за роаминг потпишана на самитот ЕУ- Западен Балкан, што се одржа во декември минатата година, во Тирана. 38-те телекомуникациски оператори во ЕУ и Балкан, лани договорија значително намалување на јазот помеѓу роаминг тарифите и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од балканот.

Декларацијата за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан, официјално стапи во сила и го означи 1 октомври 2023 година како ден на промените.

„ Од овој октомври горната граница на цените за 1 ГБ податоци во роаминг, во рамки на посебните понуди и пакети, во согласност со Декларацијата за роаминг, не би требало да надмине 18 евра, со што меѓународните патувања и комуникацијата ќе ја направи значително поекономична. Додека три оператори од Западен Балкан освен цените во рамки на пакетот, ги намалија дури и редовните цени за дополнителни услуги“, вели генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.

Во денешното соопштение се вели и дека еден од телекомуникациските оператори во Северна Македонија ја намали цената за 1 ГБ во рамки на некои од неговите роаминг пакети во земјите на Европската Унија до 66 проценти. Ценети сега се движат меѓу 3,8 до 4,9 евра за 1 ГБ во рамки на роаминг пакетот на ЕУ за корисници од Северна Македонија, што е значително под договорената горна граница за цената, стои меѓу другото во соопштението.

Оваа Декларација има за цел значително намалување на надоместот за размена на податоци во роаминг меѓу Европската Унија и Западен Балкан. Целта е до 2028 година цената на роаминг меѓу Европската Унија и Западен Балкан да се приближи до домашните цени.

cenieuroamingZapaden Balkan

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Горан Наумовски15/08/2025 - 11:5515/08/2025 - 21:43

Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција за Украина

Горан Наумовски13/08/2025 - 21:4613/08/2025 - 21:56

Европските лидери поставија пет услови пред средбата Путин-Трамп

Горан Наумовски13/08/2025 - 17:40

ЕУ подготвува нови санкции кон Русија

Горан Наумовски12/08/2025 - 14:37

Калас: Нема отстапки додека Русија не се согласи на безусловно примирје

Горан Наумовски12/08/2025 - 11:47

Орбан: Единствен разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија

Горан Наумовски12/08/2025 - 09:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен