(ВИДЕО) Скандал на аеродромот во Мајами: Вработените крадат од патниците

Од:

Двајца вработени во меѓународниот аеродром во Мајами се обвинети за кражба. Како што може да се види на видеото што го објави полицијата, тие краделе пари од багажот на патниците, јавува „CBS Miami“.

На видеото се гледа како вработените вадат пари од багажот на патниците и ги ставаат во нивните џебови.

Во полицискиот извештај се наведува дека од паричникот на патникот биле украдени 600 долари додека патникот бил на скенерот, а неговиот багаж бил на подвижната лента пред да помине низ рендгенски преглед.

Оштетениот патник вели дека не може да верува дека тоа се случило.

„Па, тие се под камери, постојано се се снима. Што мислеа, се гледа што прават“, вели патникот.

Според Си-Би-Ес Мајами, двајца вработени биле уапсени уште во јули. Во кривичната пријава е наведено дека им го одвлекувале вниманието на патниците за да ги ограбат.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Гол маж ги нападна посетителите на теретана во Мајами, го исфрлија надвор, но тогаш почна нов хаос

(ВИДЕО) Експлозија во Мајами: Две лица загинаа, тројца тешко повредени

Уште еден напад на ајкула во Мајами

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Хеликоптер се урна меѓу луѓе на популарната плажа во Мајами

Ана Ололовска

Роднините на жртвите во урнатата заграда во Мајами ќе добијат повеќе од 150 милиони долари отштета

Катерина Ѓуровски