Српските кошаркари се пласираа во финалето на Светското првенство, по деветти пат во историјата на репрезентацијата.
„Орлите“ со фантастична партија го победија НБА тимот на Канада со 95:86 во Манила.
Богдан Богдановиќ ја предводеше Србија со 23 поен, а Огњен Добриќ постигна по 16 и Никола Милутинов, кој стигна до дабл-дабл со 10 скока.
Двоцифрен учинок имаа и Марко Гудуриќ со 12 и Алекса Аврамовиќ со 10 со спектакуларен дефанзивен настап против најдобрите играчи на Канада.
За противник во финалето, Србија ќе го чека победникот од втората полуфинална пресметка меѓу САД и Германија.