Кривична против 18-годишник и малолетник: Запалиле угостителски објект во Стара Чаршија

Од:

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.А.(18) од с.Студеничани, скопско и малолетник од с,Моране, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општа сигурност” во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност”.

По преземени мерки и активности било констатирано дека пријавените на 28.08.2023 околу 04.00 часот на ул.„Градиште“ во Стара чаршија во Скопје предизвикале пожар во угостителски објект. На 06.09.2023, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двајцата, при што кај малолетникот биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Малолетникот бил лишен од слобода и ќе биде изведен пред судија, додека за Б.А. се преземаат мерки за пронаоѓање.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице